Winix T1 прочистувачот на воздух е професионален прочистувач на воздух со максимален проток од 830м3 на час, погоден за големи простории, канцеларии, школи, градинки и други јавни објекти. T1 има најголем можен CADR рејтинг > 450 потврден од ANSI (American National Standards Institute) акредитираната организација AHAM. Прочистува од ПМ честички, полен, редуцира чад од цигари, бактерии, вируси, разни мириси и хемикалии. Го прочистува воздухот во 5 фази на прочистување, предфилтер кој ги филтрира крупните честички, ПМ2.5 филтер третиран со анти бактериско средство кој ги неутрализира бактериите и вирусите, филтер со активен јаглен во гранули кој редуцира хемикалии и мириси, вистински хепа филтер кој ги филтрира ПМ честчките поголеми од 0,3 микрометри (PM2.5, PM10), и PlasmaWave® технологија кога со помош на позитивни и негативни јони, без озон, ги разградува бактериите, вирусите и ги редуцира мирисите и хемикалиите. На предната страна се наоѓа ЛЦД тач панел преку кој се контролира уредот. Уредот има вграден тајмер и Wi-Fi конекција со вашиот смарт телефон преку кој можете да го мониторирате и управувате. Прочистувачот има вграден смарт сензор кој се состои од сензор за ПМ честички и сензор за мириси и хемикалии (VOC). На тој начин најоптимално ќе ја регулира брзината во авто мод за да го прочистува воздухот најоптимално при тоа да биде што е можно потивок. И покрај големиот проток на воздух од 830м3/час уредот е доста тивок, до 55 db.
Прочистува
Без озон
Уредите се безбедни бидејќи не произведуваат отровен озон
ПМ честички
Ги отстранува ПМ честичките пололеми од 0,3 микрони (PM2.5, PM10)
Бактерии и вируси
HEPA филтерот во комбинација со PlasmaWave® технологијата ги редуцира бактериите и вирусите
Првут од миленици
Го отстратнува првутот од милениците и ситни влакна
Алергија
Го елеминира поленот од воздухот. Особено корисно за алергични
Спори од мувла
Ги отстранува спорите од мувла
Чад од цигари
Го редуцира чадот од цигари
Разни мириси
Активниот јаглен и плазма технологијата ги редуцираат мирисите од воздухот
Хемикалии
Активниот јаглен редуцира разни хемикалии
Интро
- Кога готвите исклучете го прочистувачот. Потоа проветрете ја просторијата и повторно вклучете го.
- Кога проветрувате исклучете го прочистувачот.
- За алергични или за поголем степен на прочистување ставете го прочистувачот рачно на поголема брзина.
- Не го користете прочистувачот во простории со јаки одори.
- Чистете го префилтерот редовно.
Спецификација
Тежина | 26kg |
Димензии | 43 X 43 x 101 cm |
Оптимална површина (потврдена од AHAM) | 70м2 |
Максимален капацитет (Според ECARF) инфо | 180м2 (за 1 час на најголема брзина ќе редуцира 95% од честичките поголеми од 3 микрометри) |
Антибактериски третмант | CleanCel |
CADR индекс (прав/полен/чад) | >450 / >400 / >450 ( >765 m3/h) |
Гаранција | 2 години |
Брзини на вентилатор | 5 (ноќна, спора, средна, брза, турбо) |
Проток на воздух | 258/396/534/834 m3/h |
Ниво на бучава | 34.2/42.0/48.1/55.5 db |
Тип на мотор | BLDC (без четкици, потивок, долг век на живот) |
VOC сензор | Има (volatile organic compounds, сензор за мириси и хемикалии) |
Сензор за честички | Има |
Моќност | 20 – 200W |
Режим на работа | рачен, автоматски – денски/ноќен. |
Промена на филтри | 1 година |
Боја | Бела. |
Напојување | 220V |
Сертификати | AHAM, ECARF, CE, California ARB |
Упатство за употреба | EN |
Произведено во | Кореја |
Филтер
Со самиот уред e вкчучен сет филтри кој се состои од еден префилтер (кој останува со уредот,не се менува), PM2.5 филтер третиран со антибактериско средство, ХЕПА макс филтер и филтер со активен јаглен во гранули. Преопрачливо е филтрите треба да се променат на 1 година.