Често поставувани прашања

Што е оптимална површина а што максимален капацитет?

– Оптимална површина на прочистување е провршината при која прочистувачот на најголема брзина ќе ги редуцира честичките од чад за најмалку 80% во рок од 20 минути. Најчесто оваа површина ја дава AHAM и е поврзана со CADR индексот. Грубо тоа е површината при околу 5 промени на волумен на час.

– Максимална површина (капацитет) според ECARF е површината која што ќе ја прочисти за 1 час на најголема брзина одстранувајќи 95% од честичките поголеми од 3 микрометри.

Доколку ве интересираат кои се мерења ње направени за се добие ECARF сертификат може да ги погледнете на следниот линк

Дали да купам Winix прочистувач или друг бренд?

Пред да го купите прочистувачот осигурете се дека навистина функцонира и е квалитетен. Еве неколку точки како да отцените дека прочистувачите навистина функционираат:

  • Купувајте производи што се продава во цел свет (на пример на amazon и ebay). Доколку при пребарување на името на производот на Google добиете македонски или балкански бев страни, тогаш најверојатно тој производ не е наменет за светски пазар и најверојатно е со слаб квалитет. Winix производите можат да се најдат на amazon, www.winixamerica.com и на многу други места низ цел свет.
  • Купувајте производи што имаат сертификати од трети реномирани авторитети. Winix ги има следните сертификати: AHAM, ECARF, Allergy.uk, RoHS, CE (линк до сертифитатите можете да најдете во спецификацијата на прочистувачите)
  • Одберете ги оние производи за кои што може да најдете кориснички коментари (user reviews) и тоа позитивни. Не купувајте производи за кои што не можете да прочитате што мислат купувачите за производот што го купиле. За Winix производите можете да видите што мислат купувачите на amazon и ebay каде што можете да најдете доста кориснички коментари.
  • Да биде јасно истакнато на колку време се менуваат филтрите и колку чини промената. Хепа филтрите за било кој бренд најчесто се менуваат на една година (во зависност дали уредот работел 24 часа на ден цела година и колку е заганед воздухот)
  • За Winix прочистувачите може да најдете мерења направени со инстурмент за мерење на ПМ честички на youtube и на нашиот веб сајт каде што може да се уверите дека измерените вредности се софпаѓаат со декларираните вредности и дека прочистувачите навистина функционираат како што е декларирано.

Што е PlasmaWawe технологија?

PlasmaWave® технологијата произведува јони и тоа позитинви и негативни. Работи на помал напон одколку класичните јонизатори и затоа не произведува штетен озон (може да произведе трагови, но далеку помали од пропишаната граница, погледнете сертификати). Позитините и негативните јони, од водата во воздухот произведуваат хиркоклис молекули (OH). Хидрокслис молекулите ги разградуваат штетните честички од воздухот. Хидроксил молекулите живеат многу кратко, само неколку нано секунди.

Дали Winix прочистувачите произведуваат озон?

Уредите се безбедни и не произведуваат токсичен озон. Сите Winix уреди се проверени и сертифицирани од Амерички лабаратории дека не произведуваат отровен озон (лабараториите проверуваат дали уредите произведуват озон до 0.05ppm кој е дозволена граница). Можете да проверите на веб сајтот на AHAM. Уредите се сертифициран и од California Air Resource Board. Уредите се тестирани и во Грција од лабараторијата Демокритос. Прочистувачите не произедуваат озон, барем не во мерливи количини, погледнете го видеото.

Дали може да се исклучи PlasmaWave®?

Да. Доколку се притисне и задржи копчето “auto” плазмата се вклучува/исклучува наизменично.

Дали да користам ноќен мод на работа?

Ноќниот мод на работа има насјаб проток на воздух и најмало прочистување. Според нас, доколку не ви смета во спиење, користете прва брзина, рачно.

Што мери сензорот ?

За FreshHome и Signature сериите сензорот е од тип на VOC (volatile organic compounds) и реагира на разни мириси и хемикалии во воздухот. Другите прочистувачи има VOC сензор и/или сензор за ПМ честички.

Што значи “Air quality” што го покажува прочистувачот ?

Вредноста на “Air quality” т.е квалитет што се прикажува на уредот воопшто не е исто со квалитет на воздух што го даваат мерните станици. Квалитетот на воздух прикажан на уредот значи квалитет измерен од VOC сензорот во однос на мириси и хемикалии и/или ПМ честички. Сензорите служат да ја регулираат брзината на прочистување.

Кога во просторијата е многу тивко слушам некакво крцкање од уредот. Во ред е тоа ?

Да. PlasmaWave® произведува таков звук и тоа е нормално.

На колку време се променуваат филтрите?

Најчесто на 1 година, но времето може да варира во зависност од условите на користење.

Дали уредот може да работи 24 часа на ден?

Да и препорачливо е уредот да работи 24 часа на ден.

Дали уредот навистина функционира како што е опишан?

Winix прочистувачите долго време се продаваат во америка, европа и азија. Истите уреди можат да се најдат и на амазон и може да се види дека уредите имаат многу добри кориснички рејтинзи. Исто така прочистувачите се сертифицирани (испитувани) од врвни авторитети како што се AHAM, ECARG, Allergy uk i drugi.

Дали уредите се добри за луѓе кои патат од алергии?

Алергиите влијаат на секој човек различно. Нашите прочистувачи на воздух се одлични за намалување на загадувачите на воздухот, како што се прав, чад, полен, првутот од животни и сл. Уредите користат безбедна и ефикасна технологија и се способни да ви донесеат најдобар квалитет на воздухот во домот. Ако страдате од алергии искрено се надеваме дека нашите производи ќе ви помаганат полесно да дишете.

Што е HEPA филтер?

HEPA (High-efficiency particulate arrestance) е високо квалитетен филтер направен од фиберглас кој ги филтира честичките поголеми од 0,3 микрометри

Дали HEPA филтерот се пере?

Фитрите за FreshHome серија i HR серија не се парат. Филтрите од Signature серија можат да се перат максимум до 2-3 пати во дестилирана вода согласно упатството. WinixMk не одговара доколку при перење на фитрите ги оштетите.

Дали сите HEPA филтри се со ист квалитет?

Не. Постојат различни класи на филтри. Winix користи H13 класа на филтри со ефикасност од 99,97. Тоа значи дека 99,97% од честичките што поминуваат низ филтерот со димензија поголема од 0,3 микрометри ќе бидат филтрирани

Дали филтите можат да траат подолго од пропишаното време?

Да. Во зависност колку време на ден го користите уредот, и колку дена во годиниата, но и загаденоста на воздухот, филтрите можат да траат и подолго. Светлосниот индикатор на уредот ќе ве извести кога треба да се променат.

Филтерот има чуден мирис

Доколку филтрите сте ги користеле извесно време, а потоа не сте го работеле прочистувачот, можно е кога повторно ќе го пуштите да осетите чуден мирис. Тој мирис се губи по 24 часа работа.