Во западен Балкан има 16 застарени термо централи на јаглен кои го загадуваат воздухот и предизвукуваат здравствени проблеми во регионот но и пошироко. Според светска задравствена организација од ова загадување прерано умираат 3000 луѓе а заболуваат 8000 деца од бронхитис и други заболувања.
Загадувањето не познава граници. Термо централите во Македонија, Косово, Србија, Босна кои се доста застарени – неефикасни и надвор од регулатива го задагуваат воздухот во голема мера и загадувањето се шири до Романија, Италија, Бугарија, Грција, па дури се до Германија и Австрија.
Во 2016 година овие 16 термо централи на јаглен на балканот ја загалиле животната средина со повеќе сулфур диокид и скоро исто со ПМ2.5 од сите 250 останати термо централи во цела Европа! Тоа е голема концентрација на загадување на мал простор.
Балканските централи се застарени и неефикасни. Емитуваат многу поголемо загадување одколку сите термо централи во Европа.
На следната слика се дадени најголемите термо централи загадувачи.
Преставено визулено на мапа загадувањето изгледа вака:
Некои ЕУ членки се казнети поради неисполнување на ЕУ стандардите за квалитет на воздух
Освен неколкуте набројани држави што не се во ЕУ, и некои членки од ЕУ допринесуваат за зголемено загадување. На пример во 2017 година Европскиот суд на правда и пресуди на Бугарија да превземе идни мерки за подобрување на квалитетот на воздух. Бугарија се соочува со големи финансиски казни бидејќи не успеа да ги водеве стандартите за квалитет на воздух на ЕУ. Во 2018 и Полска е казнета поради неисполнување на овие ЕУ стандарди. Неколку други држави како Ункагија, Италија, Романија се предупредени за надминат праг на ПМ10. Но и покрај стандардите во ЕУ, поради струењето на воздухот, загадувањето од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина се шири и во Европа.
Што се случува ноќно време?
Кога е темно не го гледаме чадот. Независни истражувачки организации утврдиле дека некои термо централи како на пример термо централата во Тузла, ноќно време ги исклучуваат филтрите и загадувањето енормно порастува.
Како влијае ова загадување врз квалитетот на живот
Според светската здравствена организација врската помеѓу загадувањето, респораторните и кардио васкуларните болести е добро позната и научно потврдена. На следната слика е илустриран бројот на предвремени смртни случаи предизвикани од загадувањето на воздухот по држава.
Загадувањето исто така претставува и финанскиск здравствен проблем. Најголем финанскиски проблем претставува за западен балкан, но исто така и за државите кои граничат со западен балкан како што се Италија, Грција, Бугарија, Унгарија.
На следната слика е илустрирано како загадувањето влијае на нашето здравје.
Дали само термо централите се најголем загадувач ?
За жал не. Индустријата и автомобилите допринесуваат за зголемено задагување. Во зимските периоди во западен Балкан се уште во голема мера се користи огревно дрво како суровина за загревање на домаќинствата. Според истраживање од Фински институт а и други истражувања во минатите години направени во Македонија, според хемискиот состав, 32% проценти од задагувањето доаѓа од домаќинствата кои се греат на огревно дрво.
Заклучок
Повеќе од очигледно е дека загадувањето во западен Балкан ги надминува сите дозволени граници. Загадувањето претставува здравствен и финанскиски проблем. Дали некако може да си помогнеме ? Дали властите ќе го решат проблемот ? Нема такви индиции дека загадувањето ќе биде решено во блиска иднина. Единствено што може да си направиме е да си купмиме квалитетен прочистувач на воздух и да дишеме чист воздух додека сме дома или канцеларија, додека спиеме. Затоа што здравјето нема цена. Нарачајте on-line квалитетен прочистувач на воздух:
Референци