За да провериме како Winix прочистувачите на воздух се справуваат со чад, направивме визуелен тест. Направивме прозирна кутија составена од пластична рамка и целофан која е задихтуван на сите страни освен на основата. Во кутијата ставивме прочистувач на воздух Winix P450. Ставивме жарчиња и темјан кој произведува доста чад. Додека кутијата се полнеше со чад уредот не работеше. Откако кутијата се наполни со чад, го вклучивме прочистувачот на воздух преку далечинскот управувач. За кратко време прочистувачот го исчисти воздухот во кутијата до тој степен да со голо око не може повеќе да се види чад внатре иако темјанот продолжи да чади.
Winix прочистувачите се базирани на ХЕПА филтер кој го прочистува воздухот со ефикасност од 99,97% за честички поголеми од 0,3 микрони. Со моќен вентилатор уредот го вшмукува воздухот преку ХЕПА филтерот. ХЕПА филтерот го филтрира чадот и од горниот дел од прочистувачот излегува чист воздух. Освен ХЕПА филтерот, има и префилтер со активен јаглен кој ги одстранува хемикалиите од воздухот и PlasmaWave технологија која со помош на јони ги неутрализира останатите загадувачи на молекулароно ниво.