Оваа година се зголеми популарноста на прочисувачите на воздух. Како резултат се појавија повеќе брендови. Изборот може да биде нејасен.
Затоа ние составивме список од важни точки што треба да ги земете во предвид при изборот на прочистувач на воздухот.
Филтрација
Како најважен елемент за секој прочистувач е филтерот. Најдобрите прочистувачи се со вистинкси хепа филтер. Доколку пред “hepa” има придавка или додавка, тогаш тој филтер не е виснински хепа филтер, што значи дека е помалку густ од вистински хепа филтер па и прочистувањето може да не е квалитетно. Сите Winix прочистувачи користат најквалитетен вистински хепа филтер со ефикасност од 99,97% за честички поголеми од 0,3 микрометри.
Друг важен филтер е филтерот со активен јаглен. Тој ги абсорбира штетните гасови, редуцира мириси и хемикалии. Филерот со активен јаглен може да биде во гранули или на носител. Активниот јаглен во гранули е со поголем капацитет. Прочистувачите на Winix имаат и активен јаглен во гранули и активен јаглен на носител во форма на сунѓер или саќе.
Исто така е важно прочистувачот да има пред-филтер. Пред-филтерот ги филтрира крупните честички и го продолжува животот на хепа филтерот. Сите Winix прочистувачи имаат пред-филтер.
Бренд
Купете прочистувач од докажан глобален бренд. Winix се специјализирани за прочистување на воздух и вода повеќе од 40 години. Тоа кажува дека се стручни за дадената проблематика, а и покрај тоа, сте сигурни дека ќе има филтри за вашиот прочистувач уште многу години. Повеќе
Автоматски режим
Прочистувачите на Winix имаат автоматски и рачен мод на работа.
Автоматскиот мод на работа, со помош на еден или повеќе сензори се грижи вашиот прочистувач
квалитетно да го прочисти воздухот, но и да биде што е можно потовок.
Winix прочистувачите реагираат на сите видови на честички кои се наѓаат во воздухот, како што се ПМ1, ПМ2,5, ПМ10, но и многу покрупни
како што се полен или домашна прашина. Одредени модели реагираат и на штетни гасови и хемикалии.
Квалитетот на воздух го прикажуват во нивоа, плаво, зелено, портокалово, црвено, во зависност до степенот на разните загадувачи.
Сертификати
Со толкав избор на прочистувачи, важно е да знаете дека производот што го купувате ќе го направи она што го тврди. Winix ги имаат сите глобални сертификати како што се на пример Америчкиот АХАМ, Европскиот ECARF, и други. Повеќе
Бучност
Исто така многу важна карактеристика е бучноста на прочистувачот. Winix прочистувачите имаат средна вредност на бучност од 25db што ги прави доста тивки и нема да ви сметаат во секојдневната работа.
Дополнителен степен на филтрација
Winix прочистувачите користат дополнителен степен на филтрација наречен PlasmaWave кој е напреден тип на јонизатор, кој со позитивни и негативни јони дополнително го прочистуваат возхухот од најмали честички но и редуцираат бактерии и вируси на молекуларно ниво. Повеќе